Во интервјуто за шпанските медиуми стратегот на Манчестер Сити откри интересни планови за неговата иднина и јасно кажа каде сака да ја заврши кариерата.
Легендарниот играч, а денес и тренер нема дилеми за тоа каде сака да ја заврши кариерата – во Барселона!
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Јас искрено се надевам дека мојата кариера ќе заврши онаму каде што започна. Би сакал последните чекори да ги направам во Барселона“, изјави Пеп.
Сите знаеме колку Пеп е врзан за Барселона и кога не е таму тој се уште зборува за клубот од „Ноу Камп“.
Гвардиола кариерата ја започна во младинските категории на Барселона за во 1990 година да дебитира за првиот тим каде што потоа помина 11 години. За Каталонците настапи на вкупно 382 натпревари, а играше на позицијата последен играч за врска. Потоа следуваше краток период во Италија и Катар, после што одлучи да стане тренер.
Тука Барселона повторно му даде шанса во „Б“ тимот, наредниот чекор беше сенорскиот тим каде што покажа каков мајстор е и во тренерската работа.
Денес има 47 години и според тоа би можел да освои уште многу трофеи, а кога ќе дојде на ред Барслеона, очигледно дека Пеп знае кога ќе биде вистинското време.
"Acabaré donde empecé: mis últimos pasos ojalá sean en el Barça", Pep Guardiola en #UniversoValdano, este jueves a las 21.30h en Movistar Liga de Campeones. pic.twitter.com/H7Mjq6iyqK
— La Casa del Fútbol en Movistar+ (@casadelfutbol) September 12, 2018