Пеп Гвардиола ќе се обиде да го доведе фудбалерот со кого соработуваше во Барселона.
Во прашање е Серхио Роберто. Овој фудбалер во својот договор со Барселона има откупна клазула во износ од 40 милиони евра и доколку „граѓаните“ се одлучат да ја активираат, Барселона ќе остане без едно од „своите“ деца.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Гвардиола добро знае за каков фудбалер се работи, ги следеше настапите на Роберто во „Ла Масија“, а токму Шпанецот беше човекот кој му даде шанса во првиот тим на Барселона.
Серхио Роберто има 25 години и во минатата сезона во главно ја покриваше десната бековска позиција со која Барселона имаше проблеми, но сега во Барселона пристигна Семедо од Бенфика и кога Видал ќе се врати на теренот, прашање е колку Роберто ќе има прилика за игра.