Пеп Гвардиола се потсети на времето кога ја водеше Барселона, а беше тоа време кога Лионел Меси започна да привлекува внимание.
Шпанецот ја превзема Барселона во 2008 година и се задржа на „Камп Ноу“ четири години, а во тој период покрај останатите освои три титули во Ла Лига и две во Лигата на шампионите.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Гвардиола потоа во 2012 година го превзема Баерн, а од 2016 година го води Манчестер Сити.
Тој сега гостуваше во емисија на една каталонска телевизија и зборуваше за Лионел Меси кога пристигна во Барселона.
„Ми кажаа дека е неверојатно момче. Кажано ми беше дека е многу низок, но дека постигнува многу голови и добро дрибла. Не го знаев и еден ден го видов со неговиот татко покрај стадионот. Видов момче кое срамежливо и си помислив дали е толку добар како што се зборува. Кога го видов како игра ми беше јасно дека со него можеме да освоиме се“, изјави Гвардиола, а потоа зборуваше за успехот на Барселона.
„Помеѓу натпреварите немаше многу време за уживање во успехот, уживавме додека го градевме тимот. Гледавме како се прават промените, се одеше добро. Се сложувавме, имаше хемија и почит. Се беше како што треба, секој знаеше што треба да прави. Играчите беа пријатели и често пати одеа заедно на вечера“, објасни Пеп.