Дома Фудбал Англија Гвардиола за истрагата на УЕФА: Сакаат да ни ги потценат успесите!

Гвардиола за истрагата на УЕФА: Сакаат да ни ги потценат успесите!

Европската куќа на фудбалот започна истрага против Манчестер Сити поради индиции за прекршуваење на правилата за Финансиски фер-плеј.

„Граѓаните“ сега се во тешка позиција, бидејќи доколку се утврди дека ги прекршиле правилата можат да бидат жестоко казнети, па дури и да бидат исфрлени од Лигата на шампиони.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Менаџерот Пеп Гвардиола изјави дека без оглед на исходот од таа истрага никој не може да ги негира успесите на Манчестер Сити.

УЕФА ја започна истрагата откако германски „Шпигел“ објави документи за сериозно прекршување на финансискиот фер-плеј.

„Луѓето инсистираат да најдат нешто во нашиот клуб за да ги потценат нашите успеси и се што постигнавме. Не сум многу загрижен што ќе кажат луѓето ако ја освоиме титулата во Премиер лигата“, истакна Гвардиола.

„Јас знам дека тоа што ние ќе го направиме, ќе го направиме за нас самите, а не за другите. Ако сме направиле грешки ќе бидеме казнети, дали на теренот или надвор од него, но јас сум убеден дека сме направиме нешто неверојатно. Јас знам дека има луѓе кои притискаат да се најде нешто лошо. Долго време работев со Феран и Чики и знам дека тие никогаш не би направиле некоја грешка, затоа и им верувам. Јас можам да кажам дека што и да се случи, нема да се уништи тоа што сум го постигнал со овој клуб. Клубот кажа дека е работено според правилата и нема што друго да додадам. Јас одговарам само за игрите на теренот и за резултатите“, додаде каталонскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…