Дома Фудбал Лига на шампиони Гвардиола е многу загрижен пред натпреварот со Хофенхајм, но со право!

Гвардиола е многу загрижен пред натпреварот со Хофенхајм, но со право!

Шпанскиот тренер на клупата на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола делува загрижено пред утрешниот натпревар во Лигата на Шампионите против Хофенхајм.

Потсетуваме, Сити веќе го осигура настапот во осмина финалето во ова натпреварување, но вечерва му треба барем еден бод за да ја задржи лидерската позиција во групата Ф.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Противник на „Етихад“ е Хофенхајм кој има само шанса за евентуално да игра европска пролет во Лигата на Европа. Сепак, Гвардиола е загрижен поради тоа што на располагање има само 15 играчи за утрешниот натпревар.

„На располагање имам само 15 играчи, не можам да ротирам многу. Сепак, ја поминавме групната фаза, тоа е важно. Но, мораме да победиме за да ја завршиме на првото место и да имаме мала предност“, изјави Шпанецот.

Потсетуваме, дуелот помеѓу Манчестер Сити и Хофенхајм на распоредот е утре од 21:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

На Кансело му доаѓа крајот во Барселона и веќе се нуди на нов клуб

Жоао Кансело зимава пристигна како неочекувано засилување за Барселона, но иако игра доста…