Дома Фудбал Останато Гвардиола доби понуда да го остави фудбалот поради политика!

Гвардиола доби понуда да го остави фудбалот поради политика!

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардола да го напушти фудбалот и да започне политичка кариера како премиер на Каталонија.

Тоа го сакаат лидерите на бунтовничкото движење во Каталонија, кое се бори за отцепување од Шпанија.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„El Condidencial“ тврди дека лидерите на движењето „Заедно за Каталонија“, Артур Мас и Карлес Пучдемон сакаат да го убедат Гвардиола да ја прифати понудата. Тие во каталонскиот тренер гледаат човек кој има потребно искуство, влијание и доверба кај граѓаните.

Како што е познато во Барселона веќе неколку дена има протести, поради што беше и одложено дербито со Реал Мадрид на „Камп Ноу“.

Останува да видиме дали Гвардиола ќе ја прифати понудата, но треба да се напомене дека тој има договор со Манчестер Сити до 2021 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ибрахимовиќ на Милан му носи спектакуларно засилување од Барселона!

Милан оваа сезона игра во одлична форма и се наоѓа на самиот врв на Серија А, а доаѓањето …