Дома Фудбал Англија Гвардиола го „шпионираше“ Ливерпул, еве што му одговори Клоп!

Гвардиола го „шпионираше“ Ливерпул, еве што му одговори Клоп!

Фудбалерите на Ливерпул ја совладаа екипата на Стоук на домашен терен, а на трибините имаа „неочекуван“ гостин.

Имено, Пеп Гвардиола имаше улога на шпион на „Енфилд“ каде сигурно добро го анализираше својот следен противник во Премиер лигата. Иако се обиде да се „маскира“, носејќи на себе англиски качкет, јасно е дека сите го препознаа Шпанецот на трибините.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


28-12klop2

„Пеп Гвардиола беше тука вечерва, пред малку го дознав тоа. Не сум сигурен дека гледаше многу натпревари на други стадиони во последните недели. Тоа покажува дека следниот натпревар ќе биде специјален“, истакна Клоп.

„И јас сум го правел истото во минатото, но повеќе не е лесно зошто ви бараат многу автограми. Можеби не видел ништо од натпреварот. Се надевам дека нашето обезбедување било лошо и Пеп цело време делел автограми. Доколку гледал, сигурно виде добар фудбал“, се пошегува харизматичниот Германец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…