Манчестер Сити се вклучи во трката за дефанзивецот на Наполи, Кин Мин, пренесуваат италијанските медиуми.
Ким Мин пристигна минатото лето во Наполи и се покажа како одличен трансфер бидејќи во својата прва сезона се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Серија А.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кореецот го привлече вниманието на англиските гиганти, кои веќе ја започнаа битката за неговиот потпис.
Манчестер Јунајтед и Тотенхем од поодамна го следат дефанзивецот, а сега во трката се вклучи и Манчестер Сити, бидејќи Гвардиола е голем симпатизер на Кореецот.
Споменатите клубови се спремни да ја платат откупната клаузула во неговиот договор која изнесува 40 милиони фунти.
Наполи пак не сака да го загуби Ким и му нуди нов договор со значитело повисока плата и поголема откупна клаузула.
🚨 Manchester City will compete with Manchester United and Tottenham to sign Kim Min-jae from Napoli for £40m. 🇰🇷
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) April 25, 2023
(Source: Sun Sport) pic.twitter.com/3SQ499TiyE