Дома Фудбал Лига на шампиони Гвардиола: Ги победивме најдобрите во светот!

Гвардиола: Ги победивме најдобрите во светот!

Манчестер Сити и се реваншираше на Барселона за големиот пораз на „Камп Ноу“ и победи со 3:1 пред своите навивачи.

Каталонскиот гигант имаше предност од 1:0, но „граѓаните“ не се предадоа и не само што израмнија до полувремето, туку во вториот дел, со многу подобра игра, стигнаа и до триумф од 3:1.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


„Многу сум среќен за момците, ова е првпат да го победиме најдобриот тим во светот. Ако анализираме, на првиот меч на „Камп Ноу“ игравме подобро до таа 38.минута (кога беше исклучен голманот Клаудио Браво), но таков е фудбалот. Овојпат губевме, но многу ни помогна израмнувачкиот гол. Потоа имавме уште неколку контранапади кои беа одработени одлично, а Гундоган едноставно беше феноменален“.

„Знаете, многу тешко за клуб како Манчестер сити, кој не бил во Европа изминатите 25 години, да излезе и да се натпреварува со најдобрите. Но, покажавме дека имаме голем напредок“, изјави Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Штутгарт ја одби понудата од 55 милиони евра од Баерн за Волтемаде

Управата на Штутгарт ја отфрли и втората понуда на Баерн Минхен за Ник Волтемаде. Според н…