Интер размислува за доведување на двајца играчи на Манчестер Сити на позајмица.
Управата на Интер, наводно, е заинтересирана за стоперите на Сити, Елиаким Мангала и Николас Отаменди, и двајцата да ги доведе на позајмица. Интер сега го има само младиот и неискусниот Милан Шкриниар и Миранда, додека Гери Медел си замина во Бешикташ, Раночиа е повреден, а Џеисон Мурило е на чекор до Валенсија. Поради тоа, Интер мора да ангажира нови играчи во одбраната.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Како што јавуваат „Tuttosport“ и „Corriere dello Sport“, Интер не е подготвен да троши на играчи во последната линија, па ќе се обиде да ги позајми квалитетните играчи како Мангала и Отаменди.
И едниот и другиот не играат редовно во Сити и би сакале да си заминат на позајмица, а Интер би им гарантирал место во тимот. Веројатно ниту Сити нема да има ништо против договор, па се очекува во следните денови работите да бидат конкретизирани.
Мангала се надева дека со настапите ќе избори настап на СП во Русија во дресот на Франција, а минатата сезона играше на позајмица во Валенсија. И на Отаменди му се потребни натпревари, а во дресот на Сити од 2015. година настапи околку 60 пати. Претходно беше член на Порто и Валенсија.