Дома Фудбал Лига на шампиони Гвардиола: Вечерва ќе измислам тактика и утре ќе играме со 12 фудбалери

Гвардиола: Вечерва ќе измислам тактика и утре ќе играме со 12 фудбалери

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола го определи Атлетико Мадрид како силен противник кој може да го елиминира секој тим.

Утре Сити го пречекува Атлетико Мадрид во првиот четвртфинален меч во Лигата на шампиони.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Сметам дека луѓето имаат погрешна претстава и мислам дека Атлетико игра многу подефанзивно од колку што навистина игра. Симеоне е тренер кој не сака да презема ризици кога играчите напаѓаат, но тоа не значи дека немаат квалитет. Во ЛШ многу мислам за тактиката бидејќи мислам дека ќе биде досадно секогаш да играме на ист начин. Вечерва ќе се потрудам да измислам неверојатна тактика и утре да излеземе со 12 фудбалери“, изјави Гвардиола.

„Ние имаме искуство во вакви натпревари, но понекогаш една погрешна одлука може да те чини многу. Утрешниот меч нема да биде решавачки бидејќи има реванш во Мадрид. Сега нема правило за гол во гости и треба да бидеш подобар од противникот“, додаде Пеп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Тер Штеген успешно опериран

Голманот Марк-Андре тер Штеген минал успешна операција на бедрото, соопшти неговиот клуб Ж…