Манчестер Сити остана без еден од најважните фудбалери, Родри, кој заработи тешка повреда и ќе паузира до крајот на сезоната.
Родри недостасува во тимот и Гвардиола после големиот пораз во Лисабон сака веднаш да го засили средниот ред уште во јануари.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Англиските медиуми пренесуваат дека најголема желба е Мартин Зубименди од Реал Сосиедад и „Граѓаните“ веќе почнаа да работат на трансферот.
Шпанецот ова лето го одби Ливерпул, но сега е спремен да се пресели во Премиер лигата и сака да игра за тимот на Гвардиола.
Зубименди има откупна клаузула од 60 милиони евра која Сити е спремен да ја плати.