Дома Фудбал Италија Гатусо одби враќање во Серија А

Гатусо одби враќање во Серија А

Џенаро Гатусо наводно одбил понуда од Сампдорија, после разговорите со првиот човек на клубот од Џенова, Масимо Фереро.

Според пишувањата на Газета дело Спорт и уште неколку италијански медиуми, Гатусо денеска го побарал Фереро и му соопштил дека не ја прифаќа понудата.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Наводно, Сампдорија на Гатусо му понудила двегодишен договор и одврзани раце кога е во прашање трансфер стратегијата.

Да потсетиме, Сампдорија му врачи отказ на Ди Франческо после лошите резултати во првите седум кола во новата сезона, а откако Гатусо ја одбил понудата од овој клуб се уште не е познато кој ќе биде негова замена.

Наводно, една од желбите била и Стефано Пиоли, но тој потпиша договор со Милан.

Инаку, Џенаро Гатусо е без ангажман од мај месец оваа година кога ја напушти клупата на Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Навивачите на Барселона го губат трпението, испратија порака и до Лапорта: Веднаш нека замине уште во јануари!

Барселона доживеа тежок пораз на Стамфорд Бриџ, губејќи со 3:0 од Челси во натпревар од Ли…