Дома Фудбал Италија Гатузо се враќа во Серија А – ќе му биде тренер на Пандев

Гатузо се враќа во Серија А – ќе му биде тренер на Пандев

Џенаро Гатузо е без ангажман откако летово го напушти кормилото на Милан, но сега повторно би можел да се врати во Серија А.

Имено, италиајнските медиуми пренесуваат дека Гатузо е во преговори за преземање на кормилото на Џенова.

Аурелио Андреацоли е пред отказ после серијата на лоши резултати, а Гатузо е прва опција за Џенова.

Тимот на Пандев моментно се наоѓа на 18-то место на табелата со само пет освоени бода.

Доколку Гатузо го прифати предизвикот во Џенова, своето деби ќе го има токму против поранешниот клуб Милан, натпревар кој се игра следниот викенд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Премиер лигата жестоко за Манчестер Сити: „Ова е најзначајниот дисциплински случај во историјата“

Извршниот директор на Премиер лигата, Ричард Мастерс, даде остар коментар по одлуката на н…