Дома Фудбал Останато Гатузо повторно ќе води клубот од Серија А?

Гатузо повторно ќе води клубот од Серија А?

Џенаро Гатузо пред крајот на минатата сезона го напушти Милан и од тогаш е без ангажман. Гатузо се поврзуваше со клубови од Кина, Франција…Но засега остана без клуб.

Во текот на летото Лацио се споменуваше како можна дестинација на Гатузо, меѓутоа Симоне Изнаги не го напушти клубот.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Сепак, сега „Ил Месенџеро“ тврди дек Лацио е спремен за промена на тренерската позиција после слабиот старт на сезоната и дека нов тренер на римскиот тим може да биде токму Гатузо.

Лацио во првото коло ја совлада Сампдорија на гости со 0:3, но од тогаш екипата забележува лоши резултати, вклучувајќи ги и поразите од СПАЛ во Серија А и Клуж во Лига Европа.

Четири бода во првите три кола во Серија А се наклош старт на Лацио од кога Инзаги во 2016 година го превзема тимот.

„Ил Месенџеро“ тврди дека лошите резултати го натерале претседателот Клаудио Лотито да го контактира Гатузо.

Дали Гатузо ќе го замени Изнаги на кормилото на Лацио останува да се види.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Баерн преку Арсенал до полуфинале🎥

Баерн Минхен обезбеди полуфинале во Лигата на шампиони откако со минимални 1:0 славеше про…