Дома Фудбал Италија Гатузо одлучи кој ќе биде капитен на Милан наредната сезона!?

Гатузо одлучи кој ќе биде капитен на Милан наредната сезона!?

Поранешниот капитен на Милан, Леонардо Бонучи, се врати во Јувентус по само една година помината на „Сан Сиро“, па сега Џенаро Гатузо мораше да одбере нов играч кој ќе ја има таа улога.

Многумина шпекулираа дека младиот голман на Милан, Џанлуиџи Донарума, ќе ја добие капитенската лента, но Гатузо очигледно не мисли така.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Наводно, Гатузо планира за нов лидер на „росонерите“ да го постави Алесио Ромањоли, на кого најверојатно предводникот на Милан најмногу му верува.

Италијанскиот репрезентативец ја носеше капитенската лента на неколку пријателски натпревари, а наскоро тоа би требало да го напраив и на средбите од италијанската Серија А.

Ромањоли пристигна на „Сан Сиро“ од 2015. година од Рома, која доби 25 милиони евра за неговиот трансфер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Прилепчанец и животот ќе го даде за Победа – најави самозапалување ако клубот престане да постои!

Еден од најпознатите навивачи во Прилеп, Кире Ивановски – Балче, преку објава на социјални…