Џенаро Гатузо би можел да се врати на клупата на Милан и да го замени Марко Џампаоло, но под еден услов – прво да замине Паоло Малдини.
Денес Милан игра против Џенова на гостински терен и евентуален пораз на „росонерите“ може дополнително да ја скрати ерата на Џампаоло на клупта на Милан.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Милан изгуби на четири од првите шест натпревари во Серија А. Тимот предводен од Џамполо не изгледа добро, а „Кориере дело Спорт“ пишува дека прв кандидат да го замени Џампаоло е човекот кој замина пред него, Џенаро Гатузо.
Гатузо замина од клубот во текот на летото откакако спогодбено го раскина договорот. Сега се пишува дека Гатузо не е во добри односи со поранешниот соиграч Малдини и дека би се вратил само ако Малдини си замине.
Другите имиња кои се споменуваат како можни замени на Џампаоло се, Руди Гарсија, Клаудио Раниери, Арсен Венгер и Андреј Шевченко.