Дома Фудбал Италија Гатузо може да се врати во Милан, но само под еден услов

Гатузо може да се врати во Милан, но само под еден услов

Џенаро Гатузо би можел да се врати на клупата на Милан и да го замени Марко Џампаоло, но под еден услов – прво да замине Паоло Малдини.

Денес Милан игра против Џенова на гостински терен и евентуален пораз на „росонерите“ може дополнително да ја скрати ерата на Џампаоло на клупта на Милан.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Милан изгуби на четири од првите шест натпревари во Серија А. Тимот предводен од Џамполо не изгледа добро, а „Кориере дело Спорт“ пишува дека прв кандидат да го замени Џампаоло е човекот кој замина пред него, Џенаро Гатузо.

Гатузо замина од клубот во текот на летото откакако спогодбено го раскина договорот. Сега се пишува дека Гатузо не е во добри односи со поранешниот соиграч Малдини и дека би се вратил само ако Малдини си замине.

Другите имиња кои се споменуваат како можни замени на Џампаоло се, Руди Гарсија, Клаудио Раниери, Арсен Венгер и Андреј Шевченко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Никој како премиерлигашите: Потрошиле најмногу до сега!

Со трансферот на Ноа Окафор од Милан во Лидс за 18 милиони фунти, ова лето англиските клуб…