Милан во недела и гостува на Рома и ќе се обиде да ја продолжи одличната низа без пораз која во овој момент изнесува 11 натпревари.
Гатузо за овој момент ќе има тешка дилема – Никола Калиниќ или Патрик Кутроне. Калиниќ се повреди, сега се враќа на терените, но неговото отсуство на фантастичен начин го искористи Патрик Кутроне.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на „росонерите“ на конференцијата беше запрашан кој ќе стартува против Рома.
„Одлучив кој ќе игра, но нема да ви кажам. Тимот кој ќе истрча ќе биде спремен да трча 90 минути. Не смееме да си дозволивме грешки во овој период кој е од голема важност за нас. Не очекував овој тим толку брзо да се прилагоди на новиот концепт на игра.. Посебно кога станува збор за дефанзивата, многу сум среќен што можам да кажам дека напредуваме со голема брзина“, изјави Гатузо.
Натпреварот помеѓу Рома и Милан се игра утре со почеток во 20:45 часот.