
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, даде „зелено светло“ за активирање на клаузулата со која Пјеро Инкапие (24) и официјално ќе стане играч на „топџиите“, пренесуваат англиските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Еквадорскиот дефанзивец минатото лето пристигна во Лондон на позајмица од Баер Леверкузен за 6.000.000 евра, докажа дека вреди и Арсенал ќе го откупи кога ќе започне следниот преоден рок за цена од 52.000.000 евра.
Инкапие е универзален дефанзивец, може да ги покрие сите позиции во одбранбената линија, а Артета оваа сезона најмногу го користи на позицијата лев бек.
Ја искористи својата шанса додека Рикардо Калафјори беше повреден, се наметна во првите 11, а за викендот доби предност во однос на опоравениот Италијанец во дербито против Тотенхем, кое Арсенал го доби со 4:1.
Како дел од договорот за позајмица, веќе е усогласен петгодишен договор што Инкапие ќе го потпише. Германскиот клуб ќе задржи 10% од можен идни трансфер.
Овој фудбалер сега се надева дека на титулата шампион на Бундеслигата, која ја освои со Леверкузен пред две години, ќе ја додаде и титулата во Премиер лигата.