Тренерот на Молан, Џенаро Гатузо во моментов е тренер со најниска плата во Серија А и добива 120.000 евра за сезона од „росонерите“.
Гатузо беше тренер на младинците, но во декември после отказот на Монтела беше назначен за прв тренер на „росонерите“, но со истиот договор кој веќе го имаше со клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Раководството е задоволно од работата на Гатузо, па „Газета дело Спорт“ тврди дека наскоро ќе седне на преговарачка маса и ќе му понуди нов договор.
„Договорот сега не ме интересира. Јас за овој клуб ако треба ќе работам и гратис, дури немам ни менаџер. Ако директорите одлучат да ме задржат ќе се договориме за 5 минути“, изјави Гатузо.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека двете страни ќе седнат на преговарачка маса во март и Гатузо ќе добие значително зголемување на платата.