Дома Фудбал Италија Гатузо го пофали Елмас

Гатузо го пофали Елмас

Елиф Елмас вчера за првпат одигра цел натпревар за Наполи откако Џенаро Гатузо е на клупата на клубот од Неапол.

Наполи ја победи Перуџа со 2:0 во италијанскиот куп, двата гола ги постигна Инсиње од пенал. Гатузо на конференцијата после натпреварот посебно ги истакна Елмас и Лозано кои пристигнаа во текот на летото по барање на Анчелоти.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Гатузо освен што ги пофали им порача во иднина да работат на контиуитетот.

„Задоволен сум, одигравме добар натпревар. Првото полувреме беше одлично, во второто подзастанавме. На овој натпревар ми се допадна она што го одиграа Елмас и Лозано, одлично пронаоѓааа простор и го развлекуваа противникот. Задоволен сум од она што го видов од нив, меѓутоа мора да работат на континуитетот“, изјави Гатузо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …