Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, беше исклучително разочаран од поразот против Интер во дербито, но и од инцидентот кој се случи на клупата на „росонерите“.
Имено, во второто полувреме дојде до инцедент на клупата на Милан, во моментов кога Франк Кеси изгледуваше од игра и беше нервозен поради тоа, а Биља му дофрли некаков коментар кој целосно го извади од такт.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кеси реагираше навистина бурно, па останатите играчи на клупата спречија поголем инцидент, а Гатузо после мечот беше особено разочаран после таквото однесување.
„Многупати сум критикуван за дефанзивниот стил на игра, но мора да се види и со какви играчи располагам. Мислам дека се држевме достојно на теренот. При 0:2 секој друг тим би паднал психички. Бев задоволен од нашите перформанси, креирани позиции, а на крајот бевме близу до израмнување. Поразот боли, но навистина ме допре тоа што Кеси го направи на клупата. Ова е нешто што не можам да го прифатам. Ова не е начинот на кој гледам на фудбалот и на тимскиот дух. Сите во соблекувалната треба да се почитуваат“, изјави Гатузо.
„Немаше место за тоа. Јас сум тренер морам да водам сметка за дисциплината. Можете да ја критикувате мојата тактика, но јас својата кариера ја изградив на почит и групна етика, претставувајќи го дресот кој го носам. Моето мислење ќе го кажам во наредните неколку дена. Денес доживеавме два порази, на теренот и надвор од него. Добро е што јас не ја видов случката, ќе беше уште поголем циркус“, заклучи Рино.
Познавајќи го карактерот на Гатузо воопшто не е исклучена можноста некој од Биља и Кеси да заработи казна (во зависност кој е виновникот), а можеби и двајцата.