Дома Фудбал Италија Галијани: Коронавирусот ме спречи да го доведам Ибрахимовиќ во Монца

Галијани: Коронавирусот ме спречи да го доведам Ибрахимовиќ во Монца

Златан Ибрахимовиќ во јануари ќе наполни 38 години и сега е дел од Милан, Адријано Галијани сакал да го доведе во јуни, но поранешниот оперативец на Милан има интересно објаснување зошто преговорите пропаднале.

Имено Галијани сакал по завршувањето на сезоната да го доведе Ибра, меѓутоа пандемијата со коронавирусот му ги расипала плановите.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Имавме добри шанси да се договориме со Ибрахимовиќ да дојде во Монца. Но, пандемијата со коронавирусот не спречи. Неговиот договор истекува на 30 јуни, а поради пандемијата првенството веројатно ќе трае подолго. Во таа несигурност околу датумот на крајот и почетокот на новиот шампионат јасно е дека не можеме да сметаме дека ќе дојде“, изјави Галијани.

Галијани и Ибрахимовиќ соработуваа во Милан од 2010 до 2012 година кога Милан го освои своето последно Скудето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барселона сака да го откупи Рашфорд за 30 милиони евра

Изгледа дека Маркус Рашфорд ги задоволи челниците на Барселона и тренерот Ханси Флик. Пора…