За првпат откако се изборија за место во Серија А Монца ќе игра против Милан. Овој натпревар покрај што се игра на „Сан Сиро“ ќе биде посебен поради раководниот тандем Берлускони – Галијани.
Од кога во 2018 година Берлускони ја презеде Монца овој тим доживеа вистинска ренесанса. Тандемот Берлускони – Галијани го водеше Милан три децении и затоа натпреварот на „Сан Сиро“ за нив носи посебни емоции.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Емоциите се бесконечни. Како да го гледам целиот свој живот пред мене во изминатите денови. Во детството бев навивач на Монца, а потоа менаџер од 1975 до 1985 година, потоа дојде Милан од 1986 до 2017, па сега повторно Монца од 2018…Неверојатно“, изјави Галијани.
Натпреварот помеѓу Милан и Монца се игра утре од 18:00 часот.