Сезонава заврши доминацијата на Јувентус во италијанското првенство и не само што „старата дама“ не успеа да стигне до шампионската титула туку во последните кола Јувентус го чека тешка борба за место во Лигата на шампионите.
Големи критики од навивачите и медиумите добива Андреа Пирло кој не се прослави во својата прва сезона како тренер. „Газета Дело Спорт“ пренесува дека Пирло сигурно нема да биде тренер на Јувентус наредната сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според информациите Пирло нема да биде ниту тренер на У23 тимот за каде што беше планиран кога се врати во клубот. Наводно, Пирло ќе се проба надвор од Италија и веќе има неколку понуди.
На две кола пред крајот Јувентус е пети на табелата. На четвртата позиција е Наполи со два повеќе, додека Милан и Аталанта имаат по три бода повеќе од „старата дама“.
Јувентус утре од 18:00 часот го чека италијанското дерби против Интер.