Вчера како бомба одекна веста која ја објави сите светски медиуми дека Селтик ја прифатил понудата од Брајтон за својата најголема ѕвезда, Муса Дембеле.
Оваа вест беше дополнително изненадувачка бидејќи станува збор за понуда од 18 милиони фунти, што е навистина премалку за еден од најголемите таленти во Европа. (види ОВДЕ)
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, денес шкотскиот гигант ги демантираше информациите дека Муса Дембеле ќе се пресели во Брајтон.
Медиумите пишуваа дека веќе е постигнат договор за трансфер од 18 милиони фунти, но од тоа нема ништо.
Неколку европски гиганти се заинтересирани за услугите на Дембеле, меѓу кои Баерн Минхен, Арсенал, Манчестер Јунајтед, Милан, Челзи и Евертон.
Сепак, како што стојат работите Французинот до крајот на сезоната најверојатно ќе остане во Селтик.