Веселин Вујовиќ ја продолжува својата „војна“ со луѓето од ЕХФ.
Вујо најмногу негодува поради судиската организација. Легендарниот ракометен тренер неодамна беше суспендиран на неколку европски натпревари поради однесувањето на натпреварот помеѓу Нексе и Кошер, а сега испрати нови жестоки критики кон ЕХФ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„ЕХФ ги сака оние што молчат, јас зборувам и секогаш сум казнуван. Судиите на секое натпреварување се возат во најдобри автомобили, бираат што ќе јадат, додека тимовите се жалат на исхраната…Знам дека ќе ме казнат поради моите изјави, но јас не сум човек што молчи и не им се плашам, секогаш ќе зборувам против она што не е праведно“.
„Ниту јас не сум невин, но понекогаш кога ќе направат грешка, а јас ќе се доближам до нив чуствувам дека мирис на алколох. Повеќе пати сакав тоа да биде запишано во записникот, но добивав пораки да не пријавувам затоа што клубот би бил казнет, а не судиите. Некогаш ќе те украдат, па ќе те смируваат, потоа нивните одлуки ќе одат во твоја корист. Тоа не е праведно, денес судиите ги гледаат само своите интереси“, изјави Вујовиќ за „Марка“.
Vujovic, indignado con su sanción: "No tengo miedo a estas personas que a veces huelen a alcohol y están gordas de todo lo que comen" https://t.co/s00b2EVBd6 pic.twitter.com/K51GY5BSb7
— MARCA (@marca) March 21, 2018