Дома Македонски спорт Мак ракомет Вујовиќ пред гостувањето во Данска: Не чека различен натпревар од тој во Скопје

Вујовиќ пред гостувањето во Данска: Не чека различен натпревар од тој во Скопје

Вардар после поразот од Монпелје во Скопје во Лигата на шампионите ќе се сретне со Алборг на гостински терен.

Алборг падна во Скопје, но ова сега ќе биде нов натпревар и сигурно нема да биде лесно. Пред натпреварот Вујовиќ порача дека тимот мора да ја врати самодовербата.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


„Сигурно дека не чека различен натпревар од тој во Скопје. Тогаш ние се обидувавме да не влеземе во нивниот ритам, да не трчаме многу и успеавме. Крајниот резултат го покажува тоа. Сигурно дека тие нема да ги повторат грешките. Малку сме загрижени после натпреварот со Монпелје, очекувањата на јавноста, но и нашите беа многу поголеми. Треба да знаеме дека ние треба да направиме уште многу за да бидеме рамноправни со најсилните во Европа“, изјави Вујовиќ.

За натпреварот со Алборг Вардар нема да смета на Борко Ристовски кој пријавил здравствени проблеми.

Натпреварот се игра утре во 18:45 часот, а седум дена подоцна Вардар го чека домашен натпревар со Кил.

Фото: Денис Дуковски / РК Вардар1961

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Тоа што и се случи на Србија не се случило на никоја друга репрезентација на ЕП

Репрезентацијата на Србија вчера беше елиминирана од Европското првенство откако со ремито…