Поранешниот македонски ракометен репрезентативец, Марко Нелоски е пред враќање на ракометните терени.
Нелоски би можел да настапува за тимот предводен од Веселин Вујовиќ, Железничар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Веќе некое време Нелоски беше на проба кај Вујовиќ, а како што потврди самиот Вујо трансферот се уште е под знак прашалник поради ситнатап овреда на Нелоски.
„Марко Нелоски работеше со нас, но има мала повреда на коленото ќе видиме како ќе се развива ситуацијата. Мораме да ја знаеме причината за повредата за да донесеме одлука“, изјави Вујовиќ.
Овој 22 годишен ракометар подолго време го носеше дресот на Металург, а пред две години се одлучи за интернационална кариера и потпиша за германскиот второлигаш Кобург.