Предводникот на репрезентацијата на Словенија на претстојното ЕП, Веселин Вујовиќ во своето последно излагање истакна дека на Балканот се игра најубавиот ракомет, но не заборави да ги спомене и квалитетните Шведска, Германија и Франција.
Имено, Вујо додава дека една репрезентација како Шведска е во криза, и тоа токму поради недостаток на стратегија и квалитетни предводници.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Тврдам дека најубавиот, најквалитетен и најдобар ракомет се игра на Балканот, тоа е факт. Нашиот основен проблем е масовноста, во Шведска во секој град илјадници деца тренираат ракомет, но немаат квалитетни тренери од коишто можат да научат. Секако и во таква ситуација од илјада деца, тренерите ја намалуваат бројката и сето тоа без некое тренерско влијание. Тоа трае со години, додека ние мораме од редуцирана просечност да бараме таленти, да работиме и да ги унапредиме. Кога Швеѓаните останаа без генерацијата на Ловгрен, Висландер и Олсон, се покажа дека немале стратегија или цел, а сосема спротивна е ситуацијата во Германија и Франција каде поинаку се работи со младите“, истакна Вујовиќ.