Дома Македонски спорт Мак ракомет Вујин: Ме привлече проектот на Михајловски и сериозниот тим кој ќе го има Вардар

Вујин: Ме привлече проектот на Михајловски и сериозниот тим кој ќе го има Вардар

Вчера беше потврдено дека Марко Вујин ќе биде новото засилување за Вардар за сезоната 2020/2021.

Петтиот стрелец во историјата на Лигата на шампионите се очекува да биде од голема помош на црвено-црните. 35 годишниот шутер потпиша договор со Вардар на една година.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Сега за „Балкан Хендбал“ Вујин зборуваше за трансферот во Вардар.

„Вардар е голем клуб, актуелен освојувач на Лигата на шампионите. Ме привлече новиот проект на чело со Михајло Михајловски. Во Скопје се чувствува голема ракометна енергија и тоа ме потсетува на големи ракометни градови и клубови како што се Веспрем и Кил. Тоа најмногу ме привлече покрај сериозната екипа која ќе ја има Вардар наредната сезона. За луѓето, градот, клбуот слушнав се најдобро. Би сакал заедно имаме успех достоен на името на клубот“, изјави Вујин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…