Тимот на Чикаго убедливо го надигра Денвер со 117:96 на гостувањето и така си ги зголеми своите шанси за плеј-офот. Победничкиот тим беше предводен од Никола Вучевиќ, додека на Денвер не му помогна ниту Јокиќ.
Јокиќ повторно беше одличен и две асистенции му недостасуваа да оствари нов трипл-дабл, поентерски и овојпат беше најефикасен. Срспкиот кошаркар го заврши натпреварот со 18 поени, 12 скокови и осум додавања.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Дабл-дабл оствари и Вучевиќ кој го заврши натпреварот со 25 поени, 15 скокови и три асистенции. Но, имаше и одлична поддршка од соиграчите Зек Лавин уфрли 29 поени, Патрик Вилијамс 18, а Демар Дерозан 17.
Пораз забележа и Далас на Лука Дончиќ. Далас беше проњзен со 113:106 на гостувањето кај Њу Орлеанс, додека Словенецот беше скромен за своите стандарди со 15 поени, три скока и осум асистенции. Кајри Ирвинг беше најефикасниот кај Далас со 27 поени, додека на спротивната страна Меколум го заврши мечот со 32 поени.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Вашингтон – Атланта 120:122
Бостон – Портланд 115:93
Мајами – Кливленд 100:104
Њу Орлеанс – Далас 113:106
Денвер – Чикаго 96:117
Феникс – Оклахома 132:101
ЛА Клиперс – Торонто 108:100