Дома Фудбал Останато Вреди 120 милиони евра, но се уште се „тресе“ пред Роналдо

Вреди 120 милиони евра, но се уште се „тресе“ пред Роналдо

Најголемата надеж на португалскиот фудбал Жоао Феликс откри дека му се исполнил сонот бидејќи заигра заедно со Кристиано Роналдо за репрезентацијата за својата земја.

Феликс има 19 години и пред шест дена дебитираше за Португалија во натпреварот против Швајцарија во полуфиналето од Лигата на Нации.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Баш е чудно. Никогаш претходно го немав видено во живо, барем не да е толку блиску до мене. Стоев покрај него и ми беше чудно. Ми се оствари сонот кога ја делев соблекувалната со него“, изјави Феликс за клупската телевизија за Бенфика.

Запознавањето со Роналдо му оставило најголем впечаток.

„Им кажав на другарите дека се изгледаше како да играм видео игра, тој изгледаше како фигура од видео игра“, наведе Феликс и додаде дека бил толку возбуден што дури не се ни сеќава што му кажал Роналдо кога прв пат се сретнале.

Феликс за кого Бефика денес бара 120 милиони евра имаше само три години кога Роналдо дебитираше за Португалија.

„Кристиано е пример за сите. Сите учиме од него“, изјави младиот фудбалер на Бенфика.

Феликс во неодамна завршената сезона прв пат во кариерата постигна 20 голови за Бенфика, а јавноста започна да го споредува со Роналдо во текот на оваа година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…