Францускиот фудбалер Сами Насри ќе тренира со Вест Хем со цел да се избори за договор со овој клуб.
Насри требаше да помине лекарски прегледи во Лондон бидејќи наскоро му истекува суспензијата. Сепак, управата на клубот е загрижена за физичката форма на 31 годишниот фудбалер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради тоа одлучено е Насри некое време да тренира со „чеканите“ пред да потпише договор со неделна плата од 92.000 евра.
Последниот клуб за кој настапуваше Насри беше Анталија во Турција.
На Французинот пред истекот на суспензијата дозволено ми е да тренира со клубот од почетокот не ноември, но не може да заигра на официјален натпревар пред 1-ви јануари.
На негово доведување инсистираше менаџерот на „чеканите“, Мануел Пелегрини кој соработуваше со него во Манчестер Сити.