Дома Фудбал Италија Во Јувентус се уништувале важни финансиски документи?

Во Јувентус се уништувале важни финансиски документи?

Истрагата за потенцијална финансиска измама во Јувентус се продолжува, а обвинителството верува дека клубот од Торино уништил доверувал документација вклучувајќи го и приватнито договор со Кристиано Роналдо кој не е пронајден, пренесуваат денес италијанските медиуми.

Италијанската полиција во средата претресе бројни канцеларии и претставништа ширум земјата во слоп на истрагата за можна финансиска измама во Јувентус. Како што пренесува „Газета“ истражителите се фокусирани на договорите кои клубот ги потпишал со играчите во врска со намалувањето на плататите во 2020 година поради коронавирусот.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


„Економските и финансиските ефекти од постигнатиот договор се позитивни за околу 90 милиони евра за финансиската година 2019/2020. Со договор е предвидено да се намалат исплатите за март, април, мај и јуни 2020 година“, објави тогаш Јувентус.

Истражителите веруваат дека фудбалерите на Јувентус не се откажале од платите, туку дека платите им биле одложени. Некои од тие договори се пронајдено во мејловите на клбуот. Се наведува дека дел од дукументите се чуваат надвор од клубот и се уништуваат кога истите ќе бидат исполнети. Помеѓу тие договори би можеле да биде и договорот со Кристиано Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Големото засилување на Јувентус има скршеница на реброто

Најголемото засилување на Јувентус ова лето, Теун Копмајнерс, има скршеница на реброто од …