Дома Фудбал Лига на шампиони Во Јувентус брзо донеле одлука: Нема отказ за Пирло, ќе има промени во играчкиот кадар

Во Јувентус брзо донеле одлука: Нема отказ за Пирло, ќе има промени во играчкиот кадар

Јувентус вчера го победи Порто, но после продолженија „старата дама“ поради гол помалку на гости беше елиминирана.

После натпреварот критики доби и тренерот на Андреа Пирло. Пирло на кормилото на Јувентус дојде на почетокот на оваа сезона и тоа без ден тренерско искуство.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Токму затоа во Јувентус не размислуваат за негов отказ. Како што објави познатиот италијански новинар, Фабрицио Романо претседателот Андреа Ањели имал состанок со Пирло на кој и двајцата заклучиле дека Пирло ќе го води италијанскиот шампион и наредната сезона.

И Пирло на прес-конференцијата после натпреварот истакна дека е во Јувентус за да работи на проект од неколку години. На споменатиот состанок според информациите се раговарало и за промените кои треба да се направат во играчкиот кадар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Промашување на сезоната? Неверојатно што не погоди Анте Будимир (ВИДЕО)

Кога навивачите на Осасуна ќе анализираат по причините зошто нивниот тим веќе девет натпре…