Шпанските медиуми пренесуваат дека веќе се е договорено.
Според последните информации, дефанзивецот на Челзи, Курт Зума, наредната сезона ќе ја помине во шпанска Валенсија како позајмен фудбалер.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Зума минатата сезона не беше во прв план кај Антонио Конте, а тоа беше и очекувано поради неговото опоравување од тешката повреда на коленото, но изгледа дека Италијанецот му ставил до знаење на Зума дека и во наредната сезона неговиот статус не би се променил.
Конте го доведе Рудигер од Рома, што е јасен показател дека за Французинот на „Стенфорд Бриџ“ повеќе нема место.
Покрај тоа конкуренцијата во одбраната се зголеми и со враќањето на Кристенсен од Менхенгладбах, а со оглед на тоа што Зума заминува, Данецот би требало да остане.
NOTICIA @SERDepValencia | El @ChelseaFC accede a la cesión de ZOUMA, que prefiere jugar en la Premier cedido. El VCF trata de convencerle pic.twitter.com/jIRBQ3x67j
— SER Deportivos Valen (@SERDepValencia) July 10, 2017