Утре на програмата е реваншот помеѓу Македонија Ѓорче Петров и ЦСКА Софија кој „лавовите“ ќе го играат на гостински терен во Бугарија.
ЦСКА важи за фаворит во овој двомеч, па така притисокот по ремито без голови во Скопје е на нивна страна. Сепак, тренерот Саша Илиќ не го потценува македонскиот тим и знае дека и во реваншот нема да им биде лесно.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Ова се европски квалификации и сите екипи кои се тука имаат квалитет. Така и утре ќе играме против квалитетна екипа, но ние ќе играме пред нашите навивачи и се надевам на добар резултат со кој ќе се пласираме во следната фаза“.
Во ЦСКА освен Митков, Бисмарк и Папазов кои не играа и во Скопје нема нови повредени или отсутни.
„ЦСКА треба да создава повеќе шанси и свесен сум за тоа. Работиме на нашите недостатоци и се надевам дека ќе биде подобро, задоволен од желбата и енергијата која ја покажува тимот“, изјави Илиќ.
Реваншот е закажан за утре во 19:00 часот.