Македонскиот фудбалер, Бобан Николов беше гостин во подкастот на Стефан Лазаров каде што зборуваше на повеќе теми, но најмногу за репрезентацијата на Македонија и неговиот однос со селекторот Благоја Милевски.
Во разговорот беше запрашан и за одлуката на Стефан Ристовски да се повлече од репрезентацијата, а тој објасни дека тоа не била одлука која се донела веднаш. Ристовски како и што самиот претходно изјави одлучил да не одговара на повиците поради лошиот однос со селекторот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Исто така Николов ја спомена и ситуацијата помеѓу Горан Пандев и Фудбалската федерација на Македонија.
„Одлуката на Стефан Ристовски не беше од денес за утре, тој година ипол сакаше да се откаже од репрезентацијата. Јас сум доста близок со него, едноставно не сакаше да доаѓа на собири поради тој лош однос. Исто така, Ристовски беше близок со Горан Пандев. Во ФФМ делува како да има одредена нетрпеливост кога станува збор за Пандев.
Односот селектор и капитен не функционираше, Милевски беше и во Загреб да разговараат, но не одеше комуникацијата. Стефан беше долго во репрезентацијата, тој е секогаш патриот и има посебен карактер. На него влијаеше психолошкиот аспект. Тој петнаесет години беше репрезентативец, не смееше да има таков однос кон него. Ристовски никогаш немал проблем во Македонија, таа нетрпеливост излезе одеднаш и изненадувачки“, Николов ја прокоментира ситуацијата меѓу Ристовски и Милевски.
ДРУГИ ТЕМИ:
„„Кога дојде Милевски го сменија и шоферот затоа што бил од времето на Мрме“ – ТУКА
– Николов за односот Милевски – го предупредувале да не го издава составот! ТУКА