Европската куќа на фудбалот добила информации за наместени натпревари од компанијата „Спорт радар“.
УЕФА се сомнева во регуларноста на дури 48 натпревари во последната година ипол во српската Суперлига, пренесува „Телеграф“. Како што се наведува станува збор за 33 натпревари во претходното првенство, а 15 во рамките на актуелната сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Европската куќа на фудбалот оваа информација ја доби од компанијата „Спорт радар“, која открива системи за наместени натпревари ширум светот и врши мониторинг на повеќе од 32.000 натпревари во Европа секоја година. Под надзор се наоѓаат и натпревари од натпреварувањата на УЕФА и првите два ранга во секоја земја.
Истиот извор наведува дека Србија е една од двете земји кои се под најголемо сомневање на УЕФА.