Дома Фудбал Италија Во Рим прашуваат: Како за Јувентус имаше пенал, а за Рома немаше? (ВИДЕО)

Во Рим прашуваат: Како за Јувентус имаше пенал, а за Рома немаше? (ВИДЕО)

Јувентус го поебди Атлетико Мадрид со 3:0 и така ја надополните негативата од првиот натпревар во Мадрид каде што беше поразен со 2:0.

Третиот гол на Јувентус кој Роналдо го постигна од белата точка и овој погодок беше предмет на коментариње во фудбалската јавност.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Анхел Кореа го сопна Федерико Бернардески во казнетиот простор. Судијата Бјорн Кјуперс немаше дилеми и покажа на белата точка, а Кристиано Роналдо го постигна голот кој Јувентус го одведе во четвртфиналето.

После пеналот за „Старата дама“ во јавноста се огласи поранешниот извршен директор на Рома Умберто Гандини. Тој запраша како Јувентус доби пенал после таков прекршок, а Рома минатата недела за нешто слично не доби најстрога казна против Порто.

Тој ја сподели објавата на новинарот Џовани Капуано и напиша дека целосно се сложува по тоа прашање.

„Мораме да бидеме доследни. Пеналот кој не беше досуден за Рома за мене беше чист, пеналот за Јувентус исто така беше чист. Ќе биде интересно да се прочитао објаснувањето на УЕФА“, напиша Капуано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Луис Енрике го „пецна“ Мбапе: Сега имаме подобар тим

Тренерот на Пари Сент Жермен, Луис Енрике, по синоќешната победата над Џирона го спореди н…