Фудбалерите на Реал Мадрид вчера ја победија Аталанта со 1:0 во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.
„Кралевите“ успеаа да дојдат до победа со гол во самиот финиш од натпреварот кога мрежата на италијанскиот тим ја погоди Менди.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Но, Реал во поголемиот дел од натпреварот играше со играч повеќе бидејќи во 18. минута исклучен беше Ремо Фројлер. За многумина таа одлука на главниот судија беше престрога.
Сега во Мадрид најдоа нов начин да ги налутат навивачите на Аталанта. Имено, тие најавија жалба за жолтиот картон на Касемиро и бараат тој да се поништи за да може да игра во реваншот.
Изгледа дека во Реал заборавија дека во самиот финиш главниот судија му прогледа низ прсти кога можеше да му додели втор жолт картон на Касемиро поради симулирање.