Дома Фудбал Останато Во ПСЖ донеле одлука: Ќе го одврзат ќесето за Икарди

Во ПСЖ донеле одлука: Ќе го одврзат ќесето за Икарди

Aргентинецот игра во голема форма откако премина на „Паркот на принцовите“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Пари Сен Жермен е задоволен од настапите на Мауро Икарди и од Интер ќе ја активира откупната клазула во износ од 65 милиони евра, пренесуваат италијанските медиуми.

Парижаните при договорањето на позајмица постигнаа договор со Интер за откуп од 65 милиони и сега сериозно се размислува да ја активираат таа клазула.

Тренерот Томас Тухел е презадоволен од аргентинскиот фудбалер и стрелец на девет голови во последните 10 натпревари и не штеди комплименти на негова смета, но и инсистира кај спортскиот директор Леонардо и катарските сопственици да го задржат.

Шампионот на Франција наводно спремил и покачување на платата од сегашните девет милиони евра на 12 милиони евра и тоа без бонуси, што е многу повеќе од она што му следува во Интер во случај да се врати (7.5 милиони евр).

Сигурно дека во Интер би биле задоволни од финансиската инекција посебно поради тоа што тренерот Антонио Конте во ниту еден момент не сметаше на Икарди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тензичен момент на тренингот на Шпанија: Гави го повреди Родри, настана врева! /ВИДЕО/

Непријатна сцена се случи на еден од последните тренинзи на шпанската репрезентација пред …