Дома Останати Кошарка Во натпреварот на двете најголеми разочарувања на СП Србија славеше над САД (ВИДЕО)

Во натпреварот на двете најголеми разочарувања на СП Србија славеше над САД (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Србија денес успеа да запише победа против САД на Светското првенство.

Во еден навистина одличен натпревар на крајот како победници излегоа репрезентативците на Србија кои славеа со 94:89.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Првата четвртина апсолутно и припадна на Србија која издоминира против Американците и по завршувањето на првите десет минути имаше предност од 32:7.

Тоа што го направи Србија во првата, Америка го натправи во втората четвртина. Видовме апсолутна доминација и вториот период САД го доби со 33:12, па одмор се замина со предност од четири поени на Србија 44:40.

Во третата четвртина се играше кош за кош и никој не успеваше да се одлепи, па Србија во последниот период влезе со предност од три поени.

Во последниот период Србија одигра подобро. Не дозволија Американците да се приближат и остварија победа од 94:89.

Најефикасен кај Србија беше Богдановиќ со 28 поени, додека кај САД Барнс додаде 22.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Нико Херисон за трејдот на Дончиќ: Не жалам поради мојот потег, ќе видите и зошто!

Нико Харисон преку ноќ стана „персона нон грата“ во Далас. Причините се повеќе од јасни, г…