Португалскиот напаѓач Андре Силва го направи вистинскиот потег кога во текот на летото одлучи да го напушти Милан и да се пресели во редовите на Севилја.
Силва во вчерашната победа на Севилја над Еибар од 3:1 постигна два погодоци и така стигна до бројката од седум гола на своето конто оваа сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Она што е интересено, фудбалерот кој се мачеше во Милан сега стана играчот кој најбрзо успеал да постигне седум гола во шпанската Ла Лига.
Со вчерашните два гола тој го помина Златана Ибрахимовиќ кој го носеше дресот на Барселона.
Во Милан сигурно имаат за што да жалат, Севилја го доведе на позајмица со право откуп идното лето за сума од 30 милиони евра и нема сомневање неговиот договор и ќе биде откупен доколку продолжи со вакво темпо.
Иначе и Севилја игра одлично на стартот, па после седум одиграни кола има освоено 13 бодови и се наоѓа на третата позиција со бод помалку во однос на Барселона и Реал Мадрид.