Манчестер Сити остана без Серхио Агуеро, па примарна трансфер цел во летниот преоден рок ќе биде доведување нов напаѓач.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Претседателот на „граѓаните“ потврди дека ќе пристигне врвен напаѓач на „Етихад“, а Гвардиола веќе го започна кастингот.
Според последните информации од Островот, изборот паднал на Андре Силва, кој одигра фантастична сезона во Ајнтрахт Франкфурт.
Англискиот шампион го контактирал Жорге Мендеш кој го претставува португалскиот напаѓач, а трансферот може да се реализира за 40 милиони евра.
Андре Силва оваа сезона на 34 меча постигна 29 гола и запиша 10 асистенции.