Германскиот Шпигел пренесува дека постои можност во блиска иднина шпанскиот фудбалски стратег, Чаби Алонсо да добие своја улица во Леверкузен.
Во текот на минатиот викенд, Баер на домашен терен го победи Вердер со 5:0 и така германскиот гигант и математички ја обезбеди титулата шампион во Бундеслигата на пет кола пред крајот. За Лверкузен ова е прва титула во Бундеслигата во клупската историја, па затоа и еуфоријата е огромнa.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Aлонсо во Леверкузен пристигна во 2022 година и од тогаш го води тимот со голем успех.
Поради тоа навивачите на Баер започнаа иницијатива улицата која води кон стадионот „Бај Арена“ да го носи името на Чаби Алонсо.
Градот Леверкузен наводно веќе ги разгледува административните услови за Шпанецот да добие ваква чест.