Дома Фудбал Италија Во Италија се оптимисти: На „Олимпико“ наскоро 25.000 навивачи?!

Во Италија се оптимисти: На „Олимпико“ наскоро 25.000 навивачи?!

Италија беше една од најпогодените земји од коронавирусот, но работите одат на подобро доказ за тоа се и новите најави на министерот за здравство Пјерпаоли Силери.

На дел од стадионите во Серија А во изминатиот викенд дозволено беше присуство на 1000 навивачи, меѓутоа наскоро клубовите би можеле да добијат дозвола да отворат и третина од својот капацитет.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Кога ќе се почитува правилото за растојание и луѓето нема да се прегрнуваат, секако тука се и маските би можеле да донесеме одлука со која би дозволиле отварање на третина од капацитетот на трибините. Тоа значи дека на „Олимпико“ ќе можат да влезат помеѓу 20.000 и 25.000 гледачи“; изјави Силери.

Ваквите најави секако се добри за клубовите кои вака многу губат поради непродавањето на влезници.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Седлоски: Сакаме да покажеме дека со право сме во Лига „Б“!

Фудбалската репрезентација на Македонија утре ќе ги дознае своите противници за новиот цик…