
Јувентус изгледа во наредната сезона ќе направи голема промена.
Како што стојат работите „старата дама“ спрема нова револуција.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Италијанскиот шампион многу прашина крена помеѓу своите навивачи и во фудбалскиот свет кога одлучи да го промени грбот. Тогаш навивачите сметаа дека такво нешто не е потребно и дека се руши една традиција. Меѓутоа новиот грб на Јувентус кој изгледа модерно беше полн погодок кога се финансиите и маркетингот во прашање.
Сега Јувентус спрема ново изненадување за навивачите (дали пријатно или не пријатно не може да се каже). Многу веројатно е верувале или дека Јувентус наредната сезона ќе има прв дрес во кој ќе ги нема традиционалните црно бели линии.
На големо во Италија се пишува за овој дизајн на дресовите на „старата дама“ и голем дел од спортските медиуми се убедени дека Јувентус ќе ја направи оваа промена.
Доколку се случи вакво нешто тоа ќе биде за прв пат Јувентус да се одлучи на таков чекор (дрес без риги).
На новиот дрес секако ќе доминираат црната и белата боја, но на средината ќе има розвеа линија. Ова е навистина малку чуден избор и една револуционерна промена. Останува да видиме дали најавите на како што кажавме се поголемиот број спортски медиуми ќе се остварат.
Како ви изгледа овој дрес на Јувентус?